Струга ТЛ е петтиот наш клуб кој играл во плеј-оф, само Вардар, барем засега, се пласирал во групна фаза

436

 

Струга ТЛ и дефинитивно со се она што направи во оваа 2023 година влезе во големото друштво во мак – фудбалот. Посебно кога станува збор за фудбалска Европа, со настапот во плеј –офот во Лигата на Конференции. А таму се и Вардар, Работнички, Шкендија и Шкупи. Само овие клубови, и денеска и Струга ТЛ, играле во плеј – офот во ЛШ, ЛЕ или ЛК.

Шампионот денеска против Бреидаблик во Охрид ќе го одигра својот прв натпревар од двомечот во плеј – офот во ЛК, со шанси секако и да се пласира во групна фаза, да го повтори историскиот успех на Вардар од 2017 кога го нашиот најтрофеен клуб го елиминира Фенербахче и се пласира во групната фаза во ЛЕ.

Пред две децении немаше плеј – оф во ЛШ, ако го минеш 3.квалификациско коло тогаш одиш во групната фаза.

И затоа тоа што го направија Вардар во 2003 и Работнички во 2006 година во ЛШ, ќе го сметаме за пласман во плеј –офот.

Еве кои наши клубови играле во плеј – офот и против кого, кога и во кое натпреварување:

ВАРДАР:

ЛШ-2003: Спарта Прага 2:3/2:2

ЛЕ-2017: Фенербахче 2:0/2:1..пласман во групна фаза

РАБОТНИЧКИ:

ЛШ-2006: Лил 0:1,0:3

ЛЕ-2011: Лацио 1:3,0:6

ЛЕ-2015: Рубин Казан 1:1, 0:1

ШКЕНДИЈА:

ЛЕ-2016: Гент 0:4, 1:2

ЛЕ-2017:Милан 0:1,0:6

ЛЕ-2018: Розенборг 0:2, 1:3

ШКУПИ:

ЛК – 2022: Балкани 1:2, 1:1

СТРУГА ТЛ:

ЛК – 2023: Бреидаблик ???

ПретходноТолку и од Салах во Европа, Ал Итихад е неговиот нов клуб
СледноЗабревтаната Брера против Тиквеш оди по четири од четири!