Струга ТЛ има за што да жали…со 0:1 од Охрид ќе патува на реваншот на Исланд!

455

 

Во првиот дуел од двомечот од плеј-офот во ЛК, Струга ТЛ попладнево во Охрид беше поразена од Бреидаблик со 0:1. Според шансите, играта секако незаслужен пораз, но стружани самите си се виновни. Едноставно така е во Европа.Кога не можеш да постигнеш барем еден гол од барем 6-7 шанси, а и двапати ја погодуваш стативата, тогаш следува пораз.

Па така шампионот на Исланд на реваншот ќе патува со 0:1.

Сепак не е ништо загубено.Струга ТЛ покажа дека има квалитет и може да изненади и на гостински терен.

Првата закана ја имаше Ибраими во 2.минута кога шутираше од слободен удар од повеќе од 30 метри. Но голманот беше на своето место. Неколку минути подоцна напад на Бреидаблик, а Ќосевски спасуваше од гол линијата со пантерска парада.Во 15. и 16.минута Ибраими имаше две шанси, во таа втората ја погодии стативата,штета. Добра игра на Струга ТЛ, се редат шансите,но гол нема па нема. Во тој период и Малиќи можеше да донесе водство,но не се снајде најдобро. Во 28.минута радост во Охрид. Шабани донесе водство, но таа радост траеше кусо зошто ВАР го поништи поради фаул на Шабани над голманот на гостите.

И тогаш дојде казната, Гунлаугосон во 36.минута убаво се снајде пред голот на Ќосевски, распали по таа топка и ја затресе мрежата на Струга ТЛ за водство на Бреидаблик од 0:1.

Со тој резултат се замина на пауза. А можеше да биде се поинаку.

УКПА ЈА ПОГОДИ ПРЕЧКАТА

Вториот дел започна исто како и првото, со закана на Бесарт Ибраими. Но “бомбардерот“ очигледно е дека не муе денот денеска. Барем засега сеуште ја нема тресено мрежата на Бреидаблик. Исто Бесарт шутираше и во 53.минута но голманот Еинарсон прави чуда на својот гол.

Струга ТЛ тргна со сите сили во напад, се редеа акциите пред гостинскиот гол, имаше и шанси, Ибраими се разбира. А во 72.минута Хоган Укпа се прошета низ шеснаесетникот на гостите, убаво и силно шутираше, но само во пречката на Еинарсон.

Штета, повторно нема гол. Што ли треба да се случи денеска Струга ТЛ да го погоди голот на Бреидаблик?

Во 92.минута Згуро доби црвен картон, односно втор жолт.

Плеј-оф во Лига на Конференции (прв меч)

СТРУГА ТЛ – БРЕИДАБЛИК 0:1 (0:1)

Стадион СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид. Судија: Дамиан Силвешчак (Полска). Стрелци: Гунлаугсон 36.(БРЕ). Ж.Картони: Згуро, Мазрекај, Радиќ (СТР), Сигурјонсон, Ејуфлсон, Гунлаугсон,Муминовиќ, (БРЕ). Ц.Картони: Згуро 92. (СТР)

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Незири, Радиќ,Кривањева, Малиќи (46. Јахја), Бојку, Укпа, Згуро, Шабани, Мазрекај (86. Јаровиќ), Ибраими

БРЕИДАБЛИК: Еинарсон, Гунлаугосон,Муминовиќ, Маргеирсон,Ингварсон, Лудвиксон (65. Вк, Еинарсон), Сигурјонсон, Ејулфсон, Сванторсон, Стеиндорсон (69. Хилаинсон), К.Олсен,

ПретходноПетриќ: Едвај чекам да видам каква атмосфера прават „Комити“, да направам споредба со онаа на “Гробари“
СледноИнтер го врати Алексис Санчез, а во Марсеј го испрати Кореа