Одличен меч во Струмица во рамките на 4.коло во ПМФЛ. Брера и Тиквеш прикажаа фудбал за уживање, но сепак победи Брера Струмица и тоа со 2:0. Малески во својот деби настап стрелаше со глава по корнерот на Врдољак во таа 72.минута.Ова беше значи деби гол за својот нов тим. Во судиското продолжение Ѓорѓиевски погоди за2:0 и со тоа стави точкана победата на својата екипа. Па така сега Брера има четири од четири. Освоени максимални 12 бода, едноставно тимотна Валенти си гази во ПМФЛ.
Секако дека и Тиквеш треба да се пофали.Момците на стратегот Мојсов одиграа одлично,имааи шанси барем за бод, но сепак честитките одат кај домашните фудбалери кои прикажаа навистина дека знаат и тоа како да играат добар фудбал.
Секоја чест за струмичани.