Турскиот гигант објави, Доминик Ливаковиќ е нов голман на Фенербахче

232

Досегашниот голман на тимот на Динамо Загреб, и соиграч на нашиот Стефан Ристовски, Доминик Ливаковиќ е нов голман на турскиот гигант Фенербахче. По осум години минати на Максимир и шест освоени титули, Ливаковиќ заминува што се вели во вистинско време, затоа што реално како прв голман на репрезентацијата на Хрватска би требало да заигра во некоја од топ лигите во светот.

Фенерабахче цело лето преговара со Динамо околу трансферот на Ливаковиќ, а откако загрепчани испаднаа од квалификациите за Лигата на Шампионите, се што во моментов може да биде продадено за сериозна сума на пари, го наапушта Максимир.

ПретходноИнтер Мајами и Mеси се во финалето на US OPEN (ВИДЕО)
СледноСпортспорт дознава: Вардар се враќа во базата во Хиподром