Вардар денеска одржа нова прес-конференција по повод промените кои се случија во таборот на „црвено-црните“. Добро е познато дека нов спортски директор е Ѓоко Хаџиевски.
„Доаѓам во клубот од љубов. Ако можам по 35 години работен стаж на едно место, тоа би била клупата под јужната трибина. Тука е моето место. Благодарност до Александар Бајевски екс-спортскиот директор и Бобан Грнчаров екс-тренерот на Вардар, затоа што издржале во тешките моменти, направиле многу за клубот во изминатиот период. Имаат големи заслуги.
Начинот на кој што заминаа, не е мој да го коментирам. Мојата функција во моментов е волонтерска и немам договор. Чисто да знае јавноста околу мојот статус во моментов. Колку ќе можам ќе помогнам. Можам да потврдам дека овие луѓе кои се тука се спасители на клубот. Ова се Комити кои прават добрини, а не лоши работи за клубот. Вардар е бренд како Тоше, Леб и Сол и Симон Трпчевски“ – рече некогашниот тренер на ФК ВАрдар, а сега спортски директор Ѓоко Хаџиевски.