Џими Батлер покажа како може да се победи Алкараз (ВИДЕО)

504

Следната недела започнува последниот тениски Грен слем во сезоната на УС Опен, а оваа недела на терените на „Флешинг Медоус“ се играат квалификациите и хуманитарните егзибициски натпревари.

Американецот Френсис Тиафо играше против најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз, но шоуто го украде ѕвезда од друг спорт.

Џими Батлер, кошаркарот на Мајами Хит и финалист во НБА минатата сезона, истрча на теренот со собирачите на топки. Батлер е голем љубител на тенисот и пријател на Тиафо, па доби можност да учествува на овој спектакл, на задоволство на насобраните гледачи.

Тој влезе во „дуел“ со Шпанецот на кого му дозволи да сервира, а потоа успеа да и го победи.

 

ПретходноСити доби „корпа“ од Вулверхемптон, малку им се 55 милиони евра
СледноДербито Шкендија – Струга ТЛ презакажано за 4 октомври, додека Струга ТЛ – Вардар се игра на 1 ноември!