Meси: Мојата фамилија помина две тешки години во Париз

685

Лионел Меси по заминувањето од Барселона одбра да игра за ПСЖ, меѓутоа, тој не се чувствувал комфорно како на „Ноу Камп“. Аргентинецот сега е во Интер Мајами каде што игра во супер форма, а се присети на својата преселба во редовите на ПСЖ, а раскажа и како се прилагодува на животот во Мајами.
Тоа беше семејна одлука, за доброто на семејството. Поминавме две тешки години во Париз, не се чувствувавме добро, а тоа скапо не чинеше.

Решивме (да се преселиме во Мајами) со цел малку поблиску да се приближиме до тоа какви бевме кога живеевме во Барселона – да уживаме во секојдневниот живот заедно со нашите деца, со фактот дека се е добро во семејството. Сакав да уживам во играта секој ден, што не беше случај порано.

Од многу причини решивме Мајами да биде вистинското место, а денес сме сигурни дека не погрешивме“, цитира Лео tycsports.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Џереми Доку e нов играч на Сити
СледноНордсјеланд со “петка“ ги поздрави “црно – белите“: Невидена брука на Партизан!