ГРК Охрид го „скрши“ жилавиот Голден Арт

90

Втората македонска пресметка на турнирот „Крсте Андоновски“ мина во знакот на домаќинот. ГРК Охрид го совлада Голден Арт со 27-24 и дојде до првиот триумф. И овој меч понуди интересна пресметка.

Во првото полувреме се играше гол за гол, со тоа што ГРК Охрид на одморот замина со позитива од еден гол (13-12).  Во второто полувреме, домаќинот поведе со 15-13, но Голден Арт не се предаваше, па дојде на минус еден 19-18. Најголемата позитива која домаќинот ја имаше беше 24-20.

До крајот избраниците на Стевче Алушовски успеаја да го одбранат водството и да се радуваат на првата победа.

Ојлески со осум гола беше прв стрелец кај ГРК Охрид, зад него беше Орјоникидѕе со шест погодоци. На другата страна Милошески имаше седум погодоци, додека Шилегов шест, а Гошевски 5 погодоци.
ПретходноХаос на Мундобаскетот: Лука Дончиќ и соиграчите евакуирани
СледноБарселона без Педри четири недели