Е.Пелистер вечерва славеше против Татран Прешов со 29:24 (14:12) во меч од 2.коло во групата Б и со тоа си закажа финале против Олимпијакос на меѓународниот турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид.
Овој меч директно решаваше за тоа кој ќе биде прв во групата. Пелистер на стартот имаше водство од 4:1.Сепак Татран не се предаваше така лесно, па во текот на првото полувреме дојде и до минус од еден гол, а на пауза се замина со резултат 14:12.
Во 38.минута резултатот бепе 15:15, потоа следуваше серија на битолчани од три гола. На крајот и покрај сите напори на противникот, Е. Пелистер успеа да дојде до триумф од 29:24 и со тоа да се најде во финалето на овој турнир.