Во сенка на плеј-оф мечот од ЛК во Охрид каде што играат Струга ТЛ и Бреидаблик, во Струмица денеска од 16:30 часот се игра меч од 4.коло во ПМФЛ.
Се среќаваат Брера Струмица и Тиквеш, секако досега двете најпријатни изненадувања на стартот од сезоната. Во редовите на струмичани велат дека го почитуваат Тиквеш, тренерот Џовани Валенти има само пофални зборови за тимот од Кавадарци, но воедно истакнува дека неговиот тим ќе оди на победа.
Во случај на триумф тогаш струмичани ќе имаат четири од четири, во случај пак Тиквеш да дојде до победа тогаш тимот на Ѓорѓи Мојсов ќе се израмни бодовно со Брера и Шкендија.
Во секој случај ќе може да се проследни атрактивен, напаѓачки фудбал, на го повеќе, како што играат Брера Струмица и Тиквеш. Тоа секако дека ќе биде вистинско фудбалско уживање.