И покрај големиот интерес на Ал Итихад за ангажман на Мохамед Салах, барем засега тешко дека овој трансфер ќе се реализира.Имено Ливерпул денеска и официјално се огласи и притоа призна дека има интерес од С. Арабија за својот веројатно најдобар фудбалер.
Па така “редси“ само кусо прокоментираа дека “Фараонот“ не е на продажба.
Сепак којзнае,можеби се дигата цената. Познато е дека Саудијците тешко се откажуваат а планираат Салах да го направат еден од најплатените ако не и најплатен фудбалерво моментов во С. Арабија.