Одличен меч за Балкани од Косово, каде што од пред неколку дена нов спортски директор е Омер Буњаку.Имено Балкани дома во првиот меч од плеј – офот во ЛК дури со 4:1 го декласираше Бате Борисов, тим кој до пред неколку години играше постојано во групната фаза во ЛШ. Со оваа победа Балкани е многу блиску и вторпат едноподруго да игра во групната фаза во ЛК.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Астана – Партизани 1:0, Тобол – Плзен 1:2, Жалгирис – Ференцварош 0:4, Динамо Киев – Бешикташ 2:3, Фарул –Хелсинки 2:1, Фенербахче – Твенте 5:1, Левски – Ајнтрахт 1:1, Макаби Тел Авив – Целје 4:1, Рапид Виена – Фиорентина 1:0, Сепси – Бодо/Глимт 2:2, Генк – Адана 2:1, Гент – Апоел 2:0, Лил – Ријека 2:1, Митјиланд – Легија 3:3, Осасуна – Бриж1:2, АЗ Алкмар- Бран 1:1, Хартс – Паок 1:2.