Навистина нема крај кога станува збор за Гостивар околу новите имиња ова лето. Па така вечерва гоистиварци се пофалија дека донеле двајца нови играчи.Станува збор за Јаник Нкурунзиза од Бурунди,инаку репрезентативец на таа земја, како и Гоба Закпа од Брегот на Слоновата Коска.
И двајцата се очекува да бидат големи засилувања за тимот на Гостивар кој дури вчера против Работнички ги освои првите бодови во новата сезона во ПМФЛ.