Нордсјеланд со “петка“ ги поздрави “црно – белите“: Невидена брука на Партизан!

513

 

Каква брука на Партизан на првиот меч од плеј-офот во ЛК. Данскиот Нордсјеланд со неверојатни 5:0 успеа да ги совлада“црно-белите“ и секако да ги откаже од пласман во групната фаза.

Партизан вечерва во Данска едноставно беше понижен, момците на тој тим играа како првпат да се заедно, како првпат да играат фудбал. А сето тоа беше зачинето со автогол за 5:0.Можеше и повеќе, но шестиот гол на домашниот тим беше поништен по ВАР интервенцијата.

Инаку Партизан прими два гола од пенали, а сето останато бешесамо за чудење.

Фановите на овој тим во Србија се гневни и со право.

ПретходноMeси: Мојата фамилија помина две тешки години во Париз
СледноСупер Бојан: Миовски со гол и асистенција за Абердин! (ВИДЕО)