Само 180 минути ја делат Струга ТЛ од нешто фантастично, од групна фаза во ЛК…

248

Продолжува летниот европски сон на Струга ТЛ и денеска, продолжува чудото на момците од Струга. Само 180 минути го делат нашиот шампион од нешто фантастично, од групна фаза во ЛК.

И тоа нема да биде историја, Струга ТЛ и со досегашните резултати веќе испиша своја клупска историја. Тоа ќе биде чудо.

Сите сакаме да после Вардар во 2017 година сега и Струга ТЛ има европска есен.

А ќе биде тешко. Последна пречка пред пласман во групната фаза е тимот на Бреидаблик, првак на Исланд. Тим кој што и тоа како има квалитети. Но СтругаТЛ може, Струга ТЛ сака да ја прескокне и оваа последна пречка. Па,така и нека биде.

Лошо е тоа што денеска на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, со почеток од 17 часот, во составот на нашиот тим ќе го нема Марјан Радески, исто ќе го нема на клупата и стратегот Шпетим Дуро.

Но Струга ТЛ има и други адути во отсуство на Радески. Тоа би можел да биде Јаровиќ, а ако Бесарт Ибраими одигра и денеска како што игра цело лето во Европа, тогаш се може да се очекува.

Јасно е дека денеска во Охрид, на првиот меч од овој плеј –оф нема ништо да се решава без разлика на резултатот. Реваншот на Исланд следниот четврток ќе каже дали Струга ТЛ ќе дојде до групната фаза, но важно е денеска да се дојде макар до еден гол предност за да во реваншот на Исланд се патува со уште поголема самодоверба и уште поголем победнички менталитет.

Струга Трим Лум ти си на потег…

ПретходноИсчезнал играч на Горица, никој не знае каде е
СледноРаботнички ќе биде двапати гостин кај Лугој во 1. коло од ЦЕВ Челинџ Купот