СП Будимпешта 2023: Тентоглу е и светски првак во скок далечина, две злата за Јамајка…

234

Она што му недостигаше во кариерата, тоа вечерва и го остварина СП во атлетика кое деновиве се одржува во Будимпешта. Милитијадис Тентоглу од Грција успеа да дојде до златото и на СП во својата дисциплина скок во далечина со резултат 8.52 метри.Па така сега тој има освоено злато на ОИ, на ЕП, на СП, како и на светско и европско првенство во сала.

Секоја чест за Тентоглу.

Вечерва две злата освои Јамајка. Прво Даниеле Вилијамс беше најбрза во финалето во женска конкуренција на 100 метри со пречки со време 12.43 секунди, а десетина минути подоцна Антонио Вотсн беше најбрз на 400 метри во машка конкуренција.

Злато освои и Фемке Бол од Холандија во женската трка на 400 метри со пречки.

ПретходноЛК: Балкани го “торпедираше“ Бате Борисов!
СледноМанчестер Ј. останува без Лук Шо најмалку еден месец