ФИБА потврди: За прв пат во историјата дами ќе судат на еден Мундобаскет

91

За прв пат во историјата на светските првенства на натпреварите правдата ќе ја делат и женски судијки, соопшти Светската кошаркарска федерација.

По примерот на фудбалот и ФИФА, ФИБА одлучи да внесе новитет, а тоа е да им се даде можност на жените да судат натпревари на Светското првенство.

Американките Ејми Бонер и Џена Рено и Мексиканката Бланка Барнс ќе ја делат правдата со уште 41 машки судија.

Во меѓувреме, Бернс стана единствената Мексиканка која некогаш судела во НБА. Рено во најсилната лига на светот дебитираше во 2021 година на натпреварот помеѓу Њујорк и Чикаго.

Друга Американка, Бонер, официјално суди од 2005 година, а во 2021 година судеше и во американската 3×3 BIG 3 лига.

ПретходноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА со донација од два и пол милиони реконструираше мултифункционално спортско игралиште во Карпош
СледноСтартни состави: Струга ТЛ во нападот со Ибраими, Шабани, Мазрекај…