Хаос на Мундобаскетот: Лука Дончиќ и соиграчите евакуирани

1675

На ден пред стартот на Светското првенство, кошаркарската репрезентација на Словенија имаше бурна ноќ. Лука Дончиќ и неговите соигра се наоѓаат во Окинава, каде во четири часот наутро се вклучил алармот за тревога и итна евакуација.

Станува збор за тревога поради лансирање на ракетата од Северна Кореја. Агонијата траела околу 20 минути, а потоа јапонската влада соопштила дека опасноста поминала.

Ѕвездата на словенечкиот тим Лука Дончиќ призна дека ова било вознемирувачко искуство:

„Се е супер, освен што синоќа не спиев многу поради алармот. Алармот беше нешто лудо. Беше најавено дека проектилот доаѓа, па малку се исплашив“, изјави асот на Далас.

Да потсетиме, во словенечката група Ф се уште Венецуела, Грузија и Зеленортските Острови.

ПретходноРомано потврди уште еден трансфер, Крос во коментар пиша: Срамота!
СледноГРК Охрид го „скрши“ жилавиот Голден Арт