И официјално. Новак Ѓоковиќ е најплатениот тенисер во светот за оваа 2023 година и тоа без конкуренција. Па така да се знае кој е кој. Денеска “излезе“ на видело листата на заработувачка кај тенисерите за оваа година и на неа се разбира дека Новак е на врвот.
Инаку Новак во текот на изминатата година има заработено од тенисот и од спонзорските договори вкупно 38.4 милиони долари. На второ место е Карлос Алкараз со 31,4 милиони долари, а на трето место е Инга Швјонтек со 22,4 милиони долари. Рафа Надал е петти со 15,5 милиони долари или повеќе од двојно помалку од Новак.