На стартот на кошаркарскиот Мундијал денешната програма заврши со мечевите Египет – Литванија, односно Канада – Франција.
Литванците сосема нормално беа огромни фаворити во дуелот со претставникот на Африка, и го совладаа со конечни 93:67.
Од друга страна пак, Канада ја покажа сета своја сила во дуелот со Франција, и обезбеди стартен триумф од 95:65.
Шеи Гилџес Александер најдобар поединец на мечот со 27 поени, додека кај Франција Фурние стигна до 21 кош.