На Филипини денеска се застанува: Почнува СП и ќе падне рекордот на посетеност на еден меч!

651

Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос донесе указ за прекин на наставата во државните училишта и запирање на работата во владините институции во Метро Манила и Булакан, поради отворањето на Светското првенство во кошарка.

Филипинците денеска требад да го соборат и светскиот рекорд за посетеност на еден натпревар од Светското првенство, бидејќи „Филипинската арена“ може да прими до 55.000 навивачи, а се очекува спектакл во воведот на првенството. Рекордот на посетеност последен пат беше соборен во 1994 година кога Американците ја победија Русија пред околу 32.000 гледачи во Канада.

Филипини заедно со Јапонија и Индонезија се домаќини на Светското првенство во кошарка. Филипинската арена во Булакан е само една од локациите каде ќе се одигруваат натпреварите на СП, кои исто така ќе се играат и во Арената „Аренета“ и Арената „Мол оф Азија“.

Финалето на Светското првенство исто така ќе се одржи на Филипините во „Мол оф Азија Арена“.

ПретходноСтартува мундо-лудилото: Американците прв фаворит, Германија пред Шпанија и Франција
СледноАко Салах, сепак, прифати да оди во С. Арабија, тогаш ќе биде подобро платен од Роналдо