Петровиќ промаши за реми: Пелистер со пораз од Металопластика го потврди финалето!

117

Пелистер е поразен од Металопластика со 26-27, но сепак ќе игра во финалето турнирот „Крсте Андоновски“. Македонскиот првак имаше напад за реми, ударот на новото засилување Петровиќ заврши во главата на голманот Арсиќ за голема радост во редовите на противничкиот табор.

Српскиот тим бркаше победа од четири гола, истата разлика ја имаше на одморот (16-12), но македонскиот првак успеа да ја намали.

Битолчани отворија со негатива од 0-4, по што се разбудија и со пет гола во низа поведоа со 5-4 во 10 минута. Металопластика успеа да поведе и со 16-12 на одморот, по кој Пелистер со серија од 6-1 израмни на 17-17. Беше и 21-20 за македонскиот првак, по 22-22, Арсиќ беше одличен на голот, а Дамјановиќ и Брајовиќ незапирливи во нападот, двајцата имаа по седум гола.

Кај Пелистер Кузманоски запиша седум гола, два помалку имаше Танкоски.

Пелистер во финалето ќе игра против Олимпијакос.

ПретходноВетеранот Бертранд доаѓа во Јунајтед
СледноИ Македонија си има свој Челзи, а тоа е Гостивар…17 нови имиња во преодниот рок, но тоа не е крај!