Стартува мундо-лудилото: Американците прв фаворит, Германија пред Шпанија и Франција

268

Денеска стартува Светското првенство во кошарка. Домаќини на Мундобаскетот се Индонезија, Јапонија и Филипините, а шампионатот ќе го отворат Италија – Ангола и Финска – Австралија, двата меча се закажани во 10 часот.

Бранител на тронот е Шпанија, но според најголем фаворит за освојување на златниот медал е селекцијата на САД. Американците на последното рангирање на ФИБА добија најголеми шанси да се искачат на врвот, оваа анализа е направена според составот на тимот.

Кошаркарите на САД ќе имаат шанса да станат најтрофејната репрезентација кога станува збор за Мундобаскетот, имаат пет пехари исто колку и Југославија, ССР има три, додека Бразил и Шпанија по две.

Вториот најголем фаворот е Германија, зад неа е Франција, додека пак бранителот Шпанија падна на четвртото место, по што следуваат Канада, Австралија, Италија, Словенија, Србија и Д.Република.

На овој Мундобаскетот ќе биде урнар рекордот во однос на играчи од НБА-лига, ќе играат 55. од 20 различни земји. На претходното СП 2019 година бројката беше 54 кошаркари од 17 различни земји, додека на СП во Шпанија имаше 45 НБА играчи.

Добро е познато дека и на овој Мундобаскет нема да видиме голем број ѕвезди, меѓу нив е Никола Јокиќ, најголемиот адут на Србија.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ

10.00: Ангола – Италија
10.00: Финска – Австралија
10.45: Мексико – Црна Гора
11.15: Летонија – Либан

14.00: Доминиканска Република – Филипини
14.10: Германија – Јапонија
14.30: Египет – Литванија
15.30: Канада – Франција

ГРУПИ СП 2023

ГРУПА А: Ангола, Доминиканска Република, Филипини и Италија
ГРУПА Б: Јужен Судан, Србија, Кина и Порторико
ГРУПА Ц: САД, Јордан, Грција и Нов Зеланд
ГРУПА Д: Египет, Мексико, Црна Гора и Литванија

ГРУПА Е: Германија, Финска, Австралија и Јапонија
ГРУПА Ф: Словенија, Зелен Рт, Грузија и Венецуела
ГРУПА Г: Иран, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска и Бразил
ГРУПА Х: Канада, Летонија, Либан и Франција

ПретходноМанчестер Ј. останува без Лук Шо најмалку еден месец
СледноНа Филипини денеска се застанува: Почнува СП и ќе падне рекордот на посетеност на еден меч!