Судиска анализа: Добро судење на мечевите од 4.коло во ПМФЛ!

263

Во изминатите два дена се одиграа натпреварите од 4.коло во ПМФЛ. Според судиската комисија, која направи судиска анализа, судењето било добро. На тие имало само еден спорен момент и тој минал без погрешна одлука на судијата:

Судиска комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 4 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Вардар-ФК Силекс одигран на 23.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 38 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Дејан Костадинов и Александар Ѓурковски.

38 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за гостински играч)

Играч од домашната екипа беше во посед на топката странично од голот на гостинската екипа, играчот ја центрираше топката  во шеснаесетникот на гостите до свој соиграч  и пред соиграчот да ја упати топката во гол беше повлечен за дрес од претпоследниот играч од одбраната на гостите, спречувајки  очигледна шанса за гол.

Исправна  одлука  на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради спречување очигледна шанса за гол ( влечење за дрес на противнички играч).

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

ПретходноЃорѓи Стоилов е пред промоција во Вардар
СледноСудии во ПМФЛ: Стојчевски ќе суди во Кавадарци, Ристовски на дербито на Истокот