Уф, каков супер интересен меч вчерва во Виго меѓу Селта и Реал Мадрид. Меч кој заврши со победа, трета во третиот меч во новата сезона ви Ла Лига,и тоа со 0:1 и тоа со гол на Џад Белингам во 81.минута. Инаку негов четврти во дресот на “кралевите“ од стартот на сезоната.
Англичанецот уште еднаш потврди дека е супер, мега засилување за тимот на Карло Анчелоти. Интересно е тоа што тој во неколку наврати се пожали на повреда на коленото, но ете остана во игра и му донесе победа на својот тим.
Инаку уште во 3.минута Селта постигна гол, но ВАР го поништи. Во 18.минута Винициус се повреди и мораше да излезе од терен, место него влезе во игра Жоселу.
Се играше 68.минута кога Родриго не успеа да реализира пенал. После тоа Селта имаше супер шанса за водство, но не успеа да дојде до него.
И конечно во 81.минута Крос нафрли од корнер, топката прво ја удри Жосеслу а таа дојде до Белингам кој од тешка ситуација ја затресе мрежата за 0:1, за победа, трета во третиот меч.
𝐆𝐎𝐀𝐋! | Jude Bellingham | Celta Vigo 0-1 Real Madridpic.twitter.com/s3dG3u72SX
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 25, 2023