Шок за Грците: Останаа без еден кошаркар на ден пред првиот меч на СП!

129

Грчкиот кошаркарски репрезентативец Константинос Митоглу ќе го пропушти Светското првенство во кошарка. Митоглу се повредил на тренинг, а утврдено е дека се здобил со скршеница на малиот прст од левата рака.

Грчката федерација соопшти дека Митоглу нема да биде на Мундобаскетот, но селекторот Димитрис Итудис веќе има пријавено 12 играчи, па нема да може да повика замена.

Грците настапите на СП ги почнуваат утре со меч против Јордан, а во групата со нив се уште и САД и Нов Зеланд.

ПретходноСудии во ПМФЛ: Стојчевски ќе суди во Кавадарци, Ристовски на дербито на Истокот
СледноКристал Палас ќе се „коцка“, ќе му понуди договор на Еден Азар