Ал Наср покажа сила: Роналдо со хет-трик и Мане со два гола го “шекнаа“ Ал Фатех! (ВИДЕО)

497

Фантастичен настап на двете големи ѕвезди на Ал Наср, Кристијано Роналдо и Садио Мане на гостувањето кај Ал Фатехм во меч од 3.коло во шампионатот на С. Арабија. Триумф од 0:5 , прв сезонава.

И тоа секако по заслуга на Роналдо и Мане. Во 27.минута Роналдо асистираше а Мане погоди за водство. Десет минути потоа Роналди погоди за 0:2, а во 55.минута уште еден гол на Португалецот за 0:3.

Мане во 81.минута стрелаше за 0:4. Точка стави Роналдо со голот во 96.минута за конечни 0:5. Нема што, фановите на Ал Наср се во транс. Играа и Лапорт, Брозовиќ, Отавио..

ПретходноМулти Есенс со голема победа против финскиот Кокс!
СледноОхрид го изненади Бешикташ и ќе игра за 3.место!