Ромелу Лукаку повторно му кажа „да“ на Жозе Мурињо. Бројни извори тврдат дека Лукаку се согласил да замине на позајмица во Рома и да се откаже од дел од платата за да Римјаните да го доведат од Челзи.
Лондонскиот клуб немаше избор, иако сакаше да го продаде, никој не испрати официјална понуда, па позајмица беше единствената опција.
За Белгиецот немаше место во Челзи, тренираше со младинскиот тим и ја чекаше вистинската понуда.
Неговите агенти дури и го понудија на Барселона, но Каталонците одбија да преговараат.
Остануваат уште неколку дена до комплетирање на позајмицата, но Лукаку пристигнува кај Жозе Мурињо.