Германија, еден фаворитите за медал на Светското првенство тргна според планот, дојде до убедлива победа против Јапонија од 81-63.
Кошаркарите на германската репрезентација уште во првото полувреме ставија дилеми околу името на победникот, водеа со 53-31. По одморот темпото падна, па Јапонија искористи за да ја „ублажи“ негативата.
Вагнер со 25 поени и девет скока беше прв стрелец, Шрудер запиша 14 поени.
Со оваа средба се комплетираше првото коло во групата Е, во која покрај Германија до победа дојде и Австралија.
На триумф се радуваше и Доминиканска Република славеше против Филипини со 87-81 во доста неизвесен натпревар.