Играчот на Вардар со репрезентативен повик за Андора

1101

Стоперот на Вардар, Алберт Алаведра и официјално доби повик за настап за репрезетацијата на Андора, за претстојните квалификациски мечеви против Белорусија (09.09) и Швајцарија (12.09).

Со тоа само се потврди неговиот статус со кој и пристигна во Скопје, а тоа е дека е стандарден дефанзивец на својата репрезентација.

Тој би требало да биде големо засилување за Вардар сезонава, откако ќе се опорави и ќе го завземе своето место во дефанзивата, една од болните точки летово за ФК Вардар.

 

ПретходноРоналдо не сака да го види во Ал-Наср: Ако дојде, ќе си одам!
СледноКанада ја уништи Франција, Литванија рутински против Египет