Кристал Палас ќе се „коцка“, ќе му понуди договор на Еден Азар

271

Кристал Палас подготвува шокантен потег за да ја спаси кариерата на белгиската ѕвезда, Еден Азар. Белгиецот сè уште е слободен играч откако го напушти Реал Мадрид во текот на летото и имаше најави дека Азар размислува за пензионирање.

Првиот човек на лондонските „орли“, Стив Периш, верува дека 32-годишниот играч сè уште има што да понуди и комерцијално и на теренот. Се вели дека и главниот тренер Рој Хоџсон е заинтересиран за реалзиација на овој трансфер.

Во оваа фаза од неговата кариера, ова не би било големо враќање во Премиер лигата, туку повеќе последен обид за спас. На Азар би му бил понуден едногодишен договор со структура за плата според настапите. Играчот ќе треба да одлучи дали е подготвен за да настапи на ниво на Премиер лигата.

ПретходноШок за Грците: Останаа без еден кошаркар на ден пред првиот меч на СП!
СледноАвстралија и Италија со победи го отворија Мундобаскетот 2023