Лајпциг – Штутгарт 5:1 е епилогот од вечерашниот меч од 2.коло во Бундеслигата. Тоа беше вистинска фудбалска рапсодија на “Биковите“ од Лајпциг, посебно ако се знае дека тие губеа со 0:1, резултат со кој се замина на пауза.
Следуваше блескаво второ полувреме во кое мрежата на гостите ја тресеа Хајнриш, Олмо, Опенда, Кампл и Симонс за конечни 5:1. Интересно сите пет голови “паднаа“ од 51.до 76.минута. Значи потребни беа само 25 минути за “петка“.
ФОТО: RB Leipzig Twitter