Откако синоќа го одигра последниот меч за тимот на Динамо, во кој беше еден од најдобрите поединци на терен, Лука Иванушец денеска и официјално е нов играч на тимот на Феенорд.
Офанзивецот денеска беше претставен во Ротердам, како едно од најголемите засилувања за тимот во последниот период, за кого се платени 9.5 милиони евра, плус 15% од следниот трансфер на Иванушец.
Со оглед на фактот што Динамо Загреб не влезе во групната фаза од Лигата на Шампионите, летово стана јасно дека ќе ги продаде најдобрите играчи. Што и се случи.