Македонскиот првак ги запали „моторите“, Атанасов ги има сите на број!

223

МЗТ Скопје и официјално стартуваше со подготовките за новата сезона. Тренерот Васко Атанасов и неговите помошници првпат на располагање ги имаат сите кошаркари на кои сметаат за претстојниот период во кој ќе ја бранат двојната круна и ќе атакуваат на враќање во јадранската елита.

Последните на тимот му се приклучија Американците Ијасу Ворку и Седрик Расел, нешто претходно во Скопје пристигнаа и Србинот Душан Танасковиќ и Хрватот Марко Баковиќ, а на тренинзите им се приклучија и репрезентативците на Македонија, кои добија неколку дена повеќе за одмор поради обврските кон националната селекција.

Кошаркарите на македонскиот првак подготвителниот период ќе го минат во Скопје, а првата контролна средба е закажана за на 5 септември кога ќе му гостува на грчки Арис. Потоа на домашен терен ќе ги пречека екипите на Пеја (8 септември), Гостивар (14 септември) и на Рилски спортист (18 и 19 септември).

Првиот официјален натпревар, МЗТ Скопје ќе го одигра на 23 септември и тоа во македонскиот Суперкуп против Феникс.

ПретходноАвстралија и Италија со победи го отворија Мундобаскетот 2023
СледноСП 2023: Црна Гора го декласираше Мексико