Ветеранот Жоао Мутињо, својата богата фудбалска кариера ќе ја финишира во домашни услови, поточно во тимот на Брага. Сега веќе екс играчот на Вулверхемптон кој за овој тим одигра 175 мечеви на 36 години се враќа во татковината.
Претходно играше и за тимот на Монако, а и за двата португалски гиганти Спортинг односно Порто.
За португалија пак настапуваше од 2005 година и забележа 146 настапи. Секако по овој основ е еден од рекордерите.