Ова го има само во Саудиска Арабија: Итна реакција на Ал Итихад по жалбата на Бензема

3342

Карим Бензема е еден од плејадата на познати фудбалски имиња кои одлучија да заминат во Саудиска Арабија. Поранешниот член на Реал Мадрид потпиша за Ал Атихад.

Бензема во првиот натпревар како капитен постигна гол за Ал Итихад, а неговиот тим победи со 4:0. Пред овој меч се пожалил на управата на клубот дека не ја добил капитенската лента од тренерот Нуно Еспирито Санто, а освен тоа го пропуштил и тренингот за да го изрази своето незадоволство. Набрзо работите се смириле, а Бензема го доби она што го сакаше – капитенската лента.

Раководството на клубот го назначи за нов капитен, иако тоа не беше план на португалскиот тренер. Бензема наводно сакал промена на тренерот, а не е исклучено таа желба да ја исполнат на Ал Итихад.

ПретходноГерманија „брутална“ против Јапонија
СледноРоналдо не сака да го види во Ал-Наср: Ако дојде, ќе си одам!