Пелистер се пласираше во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид уште вчера, а веќе денеска го дозна противникот. Македонскиот првак ќе игра против Олимпијакос, кој едвај го совлада Голден Арт со 26-28.
Ракометарите на Голден Арт одиграа уште еден добар меч, но немаа доволни сили за сензација.
Пораз запиша и Бутел Скопје. Македонскиот тим предводен од Горан Кузманоски беше совладан од Татран Прешов со убедливи 32-25. По изедначената игра во првото полувреме (16-16), тимот од Словачка до триумфот дојде благодарение на добрата игра во вториот дел, кој го доби со 16-9. На средината на второто полувреме ракометарите на Бутел Скопје го загубија чекорот.
За Бутел ова беше втор пораз по дуелот со Е.Пелистер. За кое место ќе разигруваат и двата тима ќе биде познато по комплетирање на денешните средби.