Никола Карабатиќ, веројатно најдобриот ракометар во историјата на овој спорт, денеска најави кога планира да стави крај на својата пребогата кариера. Тоа ќе биде после ОИ во Париз кои ќе се одржав следното лето, што значи претстојната сезона за него ќе биде последна.
“Денеска ја почнувам својата последна сезона и тоа со голема радост. За последен пат ќе можам да уживам во атмосферата на арените во Франција и Европа. Посакувам да освојам уште некој трофеј пред да ја затворам книгата на мојата кариера“ напиша ракометарот на ПСЖ во писмото кое прво го објави неговиот клуб.
Инаку Карабатиќ како репрезентативец на Франција и член на Монпелје, Барселона, Кил, ПСЖ буквално освои се што можеше да се освои во светот на ракометот.