Дома Ракомет Домашно првенство Т.Пролет го „збриша“ Пелистер 2

Т.Пролет го „збриша“ Пелистер 2

105

Екипата на Т.Пролет со убедлива победа го отвори турнирот „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп. Избраниците на Алексо Лембанов го совладаа вториот тим на Пелистер со 22-12.

Победата на Пролет во ниту еден момент не беше ставена под знак прашалник. Скопскиот состав отвори со 5-1, па дојде на плус шест (9-3) во 20 минута, на одморот резултатот беше 10-5.

Сликата на теренот не се промени ниту во второто полувреме. Со три гола во низа Пролет зголеми на 13-5, доволно за да ја има контролата до самиот финиш. Во 47. минута предноста беше двоцифрена (18-8).

Тинекс Пролет утре во рамките на второто коло од турнирот во Прилеп во 19 часот ќе се сретне со тимот на Кокс, повеќекратен шампион на Финска.
Претходно„Бомба“ на Апенините – Ромелу Лукаку!
СледноГерманија „брутална“ против Јапонија