Вецлар за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, а во стручниот штаб е Филип Миркуловски со убедлив пораз ја стартуваше новата сезона во Бундес-лигата.
Тимот на македонските интернационалци беше совладан на домашен терен од актуелниот европски првак, Магдебург со 15-31. Гостите овој дуел го решија во првото полувреме во кое имаа позитива од 8-15.
Македонскиот репрезентативец, Кузмановски имаше еден гол од три обида, додаде уште две асистенции.