Челзи вечерва на свој терен со 3:0 успеа да го победи Лутон, со тоа да дојде и до првата победа во третиот меч сезонава во Премиерлигата. Одличен беше Рахим Стерлинг кој постигна два гола и асистенција.
Ова беше и прва победа на Маурицио Покетино како тренер на “сините“ од Лондон во ПЛ.
Се тргна со голот на Стетрлинг во 17.минута, потоа во 69. Минута Стерлинг зголеми на 2:0, за да во 75.минута Џексон стрелаше за конечни 3:0.
Ова беше првата по единаесет средби по ред во ПЛ како Челзи не прими гол.