Грчкиот кошаркарски репрезентативец Константинос Митоглу ќе го пропушти Светското првенство во кошарка. Митоглу се повредил на тренинг, а утврдено е дека се здобил со скршеница на малиот прст од левата рака.
Грчката федерација соопшти дека Митоглу нема да биде на Мундобаскетот, но селекторот Димитрис Итудис веќе има пријавено 12 играчи, па нема да може да повика замена.
Грците настапите на СП ги почнуваат утре со меч против Јордан, а во групата со нив се уште и САД и Нов Зеланд.