Ѓоковиќ дојде на УС Опен, го пречека Меси (ФОТО)

1029

Новак Ѓоковиќ во понеделник ја започнува борбата за 24. Грен слем . По една година пауза ќе игра на УС Опен, а таму би можел да има голем навивач – најдобриот фудбалер на сите времиња. Пред турнирот кој може да го врати на првото место на АТП листата, Новак се дружеше со Лионел Меси!

Аргентинскиот фудбалер и светски шампион од Катар неодамна му се приклучи на Интер од Мајами со кој веќе освои трофеј, а кратката пауза што ја има во клубот ја искористи за гостување во Њујорк. По тој повод тој се сретна со Ѓоковиќ, а познато е дека двајцата имаат огромна почит еден кон друг.

Ноле се појави на „Тајмс Сквер“ во Њујорк и израдува многу дечиња од Харлем, населба која важи за доминантно населена со афро-американци.

ПретходноСП 2023: Црна Гора го декласираше Мексико
СледноСудии за ВМФЛ: Младеновски “главен“ на Новаци – Беса, Василески во Каменица…