Кошаркарските репрезентации на Австралија и Италија стартуваа со победи на Светското првенство 2023. Австралиските кошаркари ја победија Финска со 98:72, додека Италија беше подобра од Ангола со 81:67.
Австралијците ја оправдаа улогата на фаворити и убедливо ја совладаа Финска. Одличрн беше Пети Милс со 25 поени и 8 скока, а Џош Гиди имаше 14 со 9 скока и 8 асистенции. Лаури Марканен ја предводеше Финска со 19 поени, 8 скока и 4 асистенции.
Италија пред 21.000 гледачи во Манила стартуваше на СП со победа над Ангола. Иако Африканците одлично се држеа цели три четвртини, паднаа во темпото во последниот период, па Италија на крајот дојде и до супериорен триумф.
Фонтекио со 19 и Тонут со 18 поени беа најефикасни кај Италија, додека Дундао постигна 19 поени за Ангола.