Причината што урпавата на Манчестер Јунајтед ќе посегне по ангажман на 34. годишен лев бек, кој е и тоа како на залесот на кариерата е фактот што двајцата главни играчи на оваа позиција Лук Шо односно Тајлер Маласија се повредени. Рајан Бертранд е играч кој е шест месеци без клуб откако последно беше дел од тимот на Лестер.
Бертранд одигра само четири меча во Премиер лигата во сезоната 2021/22, а минатата сезона не одигра ниту еден натпревар. Поголемиот дел од кариерата го помина во Саутемптон, каде одигра седум сезони за „светците“.
Сепак, Лук Шо би требало да паузира околу еден месец, и реално Бертранд би можел да биде искористен максимум на три до четири мечеви, ако тука ја вклучиме и репрезентативната пауза која следува во септември.