Француски Олимпик Марсеј денеска ќе го комплетира трансферот на напаѓачот на Интер, Хоакин Кореа, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.
Тимот од „Велодром“ ќе го добие Кореа на позајмица за 2 милиони евра со обврска за откуп за 10 милиони. Опцијата се активира доколку клубот влезе во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25.
29-годишниот Аргентинец има 41 настап во сите натпреварувања во 2022/23 година, постигнувајќи 4 гола и 3 асистенции, но минатата сезона ретко добиваше шанса во првиот тим на СИмоне Инзаги.