Роналдо не сака да го види во Ал-Наср: Ако дојде, ќе си одам!

2625

Роналдо како капитен го води Ал Наср. Ја сака титулата и ќе направи се за да ја освои, но и да блесне на големата сцена во азиската Лига на шампиони. За волја на вистината, тој и неговите соиграчи успеаја со многу мака и по луд пресврт да влезат во групите и сега се подготвени да одат до самиот крај.

Во меѓувреме Роналдо доби многу засилувања од Европа, па потпишаа со Марсело Брозовиќ од Интер, Секо Фофана од Ленс, Садио Мане од Баерн, Отавио од Порто и Лапорте од Манчестер Сити.

Се верува дека Роналдо многу се прашува кога се засилувањата во прашање и дека Португалецот секако има важна улога во многу трансфери. Па играч кој не му одговара на Кристијано нема да има место во Ал Наср. Наводно, токму големата ѕвезда им порачала на раководството на клубот дека ќе си замине доколку случајно го доведат Мејсон Гринвуд.

Англискиот напаѓач беше обвинет за силување, но неговата девојка го повлекла обвинението, па избегнал затворска казна. Гринвуд моментално е играч на Манчестер Јунајтед, но тие не планираат да ја продолжат соработката на „Олд Трафорд“.

Го поврзуваа со Вест Хем, но и со клубови од Саудиска Арабија, а кога ЦР7 го слушна тоа веднаш реагираше и спречи секаква можност Гринвуд да дојде во неговиот тим.

ПретходноОва го има само во Саудиска Арабија: Итна реакција на Ал Итихад по жалбата на Бензема
СледноИграчот на Вардар со репрезентативен повик за Андора