Струмица доведе две репрезентативки и најави атак на ТОП 4

266

Женскиот одбојкарски прволигаш, Струмица, со големи амбиции влегува во новата натпреварувачка сезона. Од клубот веќе донесоа неколку големи засилувања и најавуваат битка за влез меѓу четирите најдобри екипи оваа сезона.

Од пред неколку дена нови имиња во Струмица жени се репрезентативките на Македонија, Емилија Попјордановска и Марија Лазарова, а од клубот потврдија дека останува и Мартина Владевска, која потпиша нов договор со клубот.

Попјордановска е капитен на нашата женска репрезентација и во Струмица доаѓа од шампионот Работнички за кого играше минатата сезона. Од редовите на шампионот доаѓа и Лазарова, која ќе биде засилување на позицијата среден блокер.

Тренерот Гоце Кончалиев на стартот на подготовките вели дека Струмица оваа година има за дел пласман меѓу четирите најдобри тимови во женска конкуренција, како и битка за завршницата на одбојкарскиот куп.

ПретходноНексе подобар од Алкалоид на првиот тест-меч
СледноЃорѓи Стоилов е пред промоција во Вардар