Убедлив пораз за Кузмановски и Миркуловски од европскиот првак

147

Вецлар за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, а во стручниот штаб е Филип Миркуловски со убедлив пораз ја стартуваше новата сезона во Бундес-лигата.

Тимот на македонските интернационалци беше совладан на домашен терен од актуелниот европски првак, Магдебург со 15-31. Гостите овој дуел го решија во првото полувреме во кое имаа позитива од 8-15.

Македонскиот репрезентативец, Кузмановски имаше еден гол од три обида, додаде уште две асистенции.

ПретходноЈокиќ и се е можно: Утре “неговата“ Србија на СП ќе игра со Кина, а тој си „џуска“ на концертот на Цеца! (ВИДЕО)
СледноПосле ОИ во Париз: Карабатиќ најави крај на кариерата!