28-годишниот дефанзивен играч за врска, Ѓорѓи Стоилов ќе биде ново засилување за Вардар. Според наши извори, разговорите меѓу двете страни се пред финализација, па Стоилов наскоро ќе биде промовиран во црвено-црниот дрес.
Вардар се обидува да го засили тимот пред продолжението на сезоната, особено по доаѓањето на новиот тренер, Александар Васоски. Стоилов моментно е без клуб, откако ги заврши обврските кон екипата на Македонија ЃП.
Во домашното првенство Стоилов играше и за Х. Турново, Академија Пандев и Шкупи, а помина и една полусезона во екипата на Зира во Азербејџан.